Денеска се одбележува една година откако во земјава беше регистриран првиот случај на пациент заболен со коронавирусот.
За една година во земјава беа дијагостицирани 101 762 заболени од ковид-19. Првиот случај беше откриен на 26 февруари, а со тоа и беше означен почетокот на епидемијата. До сега се евидентирани 90 895 оздравени пациенти од коронавирусот, додека од последиците од овој вирус во земјава починаа 3119 пациенти. Од почетокот на годината до сега се направени 516 169 тестирања за КОВИД-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.