Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби денеска со владина делегација ја посети изложбата организирана од Националната галерија на Македонија и Уметничката галерија од Тетово во рамките на активностите за одбележување на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор.
Како што соопшти Кабинетот на првиот вицепремиер, Груби изрази задоволство за организирањето на еден ваков настан кој, според него, со разновидноста на уметничките стилови и присуството на различни автори јасно го покажува добриот уметнички напредок во различни профили, во процесите на развој и негување на уметноста во нашата земја. Тој рече дека промоцијата на уметничките вредности е потврда за прогресивниот дух на Рамковниот договор.
Унапредувањето на работата на институциите за промоција на уметничките вредности и поттикнувањето на уметничката креативност која е јасно изразена преку овие изложби е јасен показател на постигнатото ниво како резултат на имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, истакна Груби.
Тој им честиташе на директорите на двете институции, Дита Старова Ќерими и Илир Куртиши, додавајќи дека имаат максимална поддршка од него и од Владата за промоција на уметничките вредности кои, како што подвлече, треба да биде постојано во центарот на општественото внимание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.