Началникот на СВР Охрид, Илија Милески, преку пост на неговиот профил на социјалната мрежа Фејсбук, го демантира директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, кој во изјава за НОВА ТВ, истакна дека началниците назначени од Чулев се срамат од него.
Милески наводите изнесени од Тасевски во денешната изјава ги нарече чисти лаги и побара да престане злупотребата на неговото име и името на неговоте колеги во политички цели.
Во продолжение интегрално ви го пренесуваме неговото излагање на Фејсбук:
„Ниту еден збор за пожртвуваноста и посветеноста на полициските службеници, ниту еден збор за покачување на платите на полициските службеници, ниту еден збор за фактот дека Министерството за внатрешни работи во изминатиот период успешно се справуваше со коронавирусот. Само груби лаги и манипилации. Јавноста треба да знае и да биде сигурна јас сум горд што сум дел од тимот кој што ја менува сликата на работењето во Министерството за внатрешни работи, горд сум што дел од високата раководна структура во Министерството со кое раководи Наќе Чулев.
Наводите изнесени во денешната изјава се чисти лаги. Јас, а верувам и ниту еден од моите колеги нема кажано таква изјава и во таа насока инсистирам во иднина да престане злупотребата на моето име и името на моите колеги во политички цели, но и генералното злоупотребување на полицијата со такви намери.
Уште еднаш потенцирам дека во целост ги отфрлам како неточни наводите во истата.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.