Премиерот Зоран Заев верува дека успешно и навреме ќе биде завршен целиот процес околу набавката на „фингерпринт“ терминалите кои ќе се користат на претстојните локални избори. Јавната набавка, вели тој, ги запазува сите законски процедури, а постапката е транспарентна.
Заев ги охрабрува институциите будно да го следат целиот процес за да биде успешен и навреме завршен, но истовремено апелира, сите инволвирани да бидат максимално одговорни.
Владата ги обезбеди парите и преку државните институции може да ги добие деталите за јавната набавка. Постапката ја спроведува независна институција, предводена од претседателот на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ во соработка со сите членови. Проектот се тера заеднички и сите одговорно го следиме. Тоа што го знам од чекорите за јавна набавка е дека процесот е транспарентен. Во текот на постапката има одредени корекции поради прашања доставени од сите оператори, кои се прифатени и изменаџирани. Постапката помина во фаза на управна контрола преку Бирото за јавни набавки и таа е одобрена, помина фаза на жалба преку Второстепената комисија и таа е одбиена, односно ги запазува сите процедури согласно законите за јавни набавки и она што е најнеопходно, целосно според критериумите на тендерската постапка – информира Заев.
Според него, не постои никаква причина за сомнеж дека процесот нема успешно да се спроведе.
За сите нас е исклучително важно овој проект кој првпат се спроведува во земјава, да биде успешно реализиран. Стигнаа првите опреми, се прави тест периодот соодветно и верувам дека навреме ќе се спроведе целиот процес. Ја знаеме технологијата на собирање на податоците, верувам дека ќе завршиме успешно – ече Заев, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во пречистителната станица во Штип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.