Зошто Заев бара брзи избори и зошто лаже кога знае дека не му веруваат, прашува во својата колумна за „Слободна свест“ новинарот Ненад Мирчевски.

Дали е толку важен датумот за Заев или важно е граѓаните да се чувствуваат небезбедни? Колкав е бројот, сега, на средината на јуни, што веруваат дека ситуацијата со короната е под контрола и дека здравствениот систем функционира? Колкав процент од граѓаните веруваат дека има услови за безбедни избори? Многу мал дел, многу помал отколку во март кога излегуваа во 17часот да аплаудираат. Ако е така, тогаш кој (не)нормален би излегол да гласа во такви услови? Веројатно неговите слепи следбеници, партиски војници и бизнис партнери. Од другата страна би излегле тврдото партиско членство на ВМРО ДПМНЕ. Никој друг. Токму тоа и го сака Заев. Тој не сака да излезат сите оние кои наивно му поверуваа на сите лажни ветувања во текот на кампањата во 2016 година. Ако тогаш Заев загуби со 2 пратеника, што може да очекува сега? Класичен дебакл, пишува Мирчевски.

Додава дека затоа Заев нема да отстапи од намерата да организира избори во која народот ќе се плаши да излезе да гласа, а набљудувачките мисии нема да бидат присутни да ја регистрираат потенцијалната изборна кражба.

Целата колумна тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.