Зоран Заев со сите притисоци и уцени не успеа да собере доволно пратници за да го протурка законот за јавно обвинителство, со кој, како што обвинува ВМРО-ДПМНЕ, сака да обезбеди амнестија за себе и своите блиски соработници. Собранискиот спикер, Талат Џафери ја прекина 135 седница и ја започна 136 седница. Гласањето за Законот за ЈО го остави за утре.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски веднаш потоа побара Предлог-законот за ЈО да се стави на гласање за неговата партија, како што објасни, да не биде проблем во реформскиот пат на земјава. Мицевски посочи дека има доволен број пратеници во салата за да се гласа.
По барањето на Мицевски, Џафери уште еднаш повтори дека ја прекинува 135. седница и дека продолжението ќе биде дополнително закажано.
При гласањето за дневниот ред на 136 седница 77 пратеници гласаа ЗА, што само покажува дека нема доволно пратеници во салата кои би го поддржале Законот за ЈО. Власта остава простор ноќеска да продолжи со притисоци и уцени врз пратеници за да го обезбеди потребниот број гласови за да го донесе законот кој експертите оценија дека има премногу грешки, недоречености контрадикторности. Според извори на Република веќе се врши притисок врз одредени пратеници да го поддржат законот кој СДСМсака да го донесе по секоја цена.
Собранието продолжи со 136. седница на која пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа да се тргнат од дневен ред разрешувањето на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и предлог-измените на Законот за лични карти. Тие воедно се пожалија дека се силува Деловникот.
Покрај овие две точки, пред пратениците во рамки на 136. седница се и Предлог-законот за неевидентирани лица во Матичната книга на родени, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.