Не така одамна се гледавме, јас и Зоран Заев очи во очи на една телевизиска дебата. И му велам господине премиер, вие премиер вие плата добивате од овие граѓани, надвор што не гледаат сега, што не слушаат, тие што сакаат се разбира, ајде дајте им одговор на кој јазик луѓето во Северна Грција говорат, а е различен од грчкиот. Не знам дали го слушнавте договорот, но јас ќе ви го прераскажам, вели тоа е внатрешен проблем на Грција, срам му е да каже дека станува збор за македонскиот јазик кој што го говорат Македонците додека пеат во Овчарани и додека се веселат на македонски ора и на македонски мелос. Е тоа човекот кој што денес ја води Македонија, се срами – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на вечерашниот митинг во Ресен во рамките на кампањата за Претседателските избори 2019 година.
Тој нагласи дека оваа генерација граѓани на Македонија, Македонци имаат историска и неповторлива можност, најпрвин на 21-ви април, па 5-ти мај а потоа на предвремените парламентарни избори, како што посочи, да му ја покаже вистинската траекторија, вистинското место, каде припаѓа овој човек, а тоа е на темната страна на историјата.

Ајде заедно да ја испишеме новата историја, најпрвин на 21 април гласајќи за оваа жена, за професорката Гордана Силјановска Давкова, професорот кој што е избран од студентите за најинспиративен професор на Универзитет Св. Кирил и Методиј. Ајде да ја вратиме правдата во Македонија,доста е од неправда, доста е од понижување и омаловажување. Ајде да ја вратиме вербата заедно. Јас го одам овој пат. Знам дека сите вие овде заедно со мене ќе го одите овој пат. Но ајде да тргнеме низ улиците и домовите овде во Ресен, во Преспа и да им ја кажеме нашата вистина, вистината за вистинската и честита, искрена Македонија. Вистината за нашиот сон за Македонија. Не онаа вистина која што започна несреќно на една трибина во Куманово, онаа вистина која што започна со зборовите, вие господине Заев, не знам дали се сеќавате на таа млада дама. Потоа декаденцијата продолжи со еден млад господин во една телевизиска дебата кога неговото височество деспотот Заев го поистовети со Тито и тука не сопира. Вчера во Прилеп на отворена сцена видовме најголемо понижување и омаловажување во македонската политичка историја. Јавно на сцена една млада дама, побара да ја посинат. Зарем тоа е вистината за која што ние денеска треба да работиме? Не, одбивам да работам и ќе се спротивставам со сета своја сила и моќ која што ја имам на располагање. И ве канам, ве замолувам, придружете ми се во оваа битка да го поразиме ова денешно секојдневие, да ја поразиме оваа декадентна реалност што ни се случува во Република Македонија. Само така можеме да се избориме за нашиот сон за Македонија. За онаа вистинската честита искрена и принципиелна Македонија. Тоа е она за кое што ние се бориме и тоа е она за кое што ќе продолжиме да се бориме – рече Мицкоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.