Кога Заев обвинува за лажен патриотизам и хистерија е како квинслинг да обвинува за предавство.
И во истиот ден кога го кажа тоа обзнани дека ќе се менувале учебниците по историја, дека имало договор за 5 историски личности и дека работата била пред договор за 11 записници. Па еве јавно го прашувам пред вас, за што се договори, за што зборува и преговара, што продаде овој пат, колкава ли е цената на ова предавство? Колку тендерчиња со провизии ќе завршат во оној ресторан во југоисточна Македонија, праша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од протестот пред Владата, на кој се бара оставка од премиерот.
Мицкоски го обвини Заев дека му е полесно да распродава во Софија отколку да постигне единство дома и да ги брани национални интереси.
Затоа ли одбегнуваше единство дома, за да може полесно да се испорачува и тргува во соседна Софија. Тоа е така затоа што кај Заев се може да се истргува за пари, ако не може за малку тогаш може за многу пари. И зад оваа негова попусливост се крие финансиски интерес. Нека одговори некој од Централниот регистар кому е префрлен капиталот од рудникот Иловица, дали е бугарски инвеститор новиот купувач на акциите во рудникот Иловица, рече тој.
Попуштањето во Софија, рече Мицкоски, значи разградување од крвавите тули на чии темели почива денешната наша македонска држава.
Тоа значи газење по коските на Кузман Јосифовски Питу, кој загинал недалеку од тука во борба со фашистичкиот окупатор. Или Раде Јовчевски Корчагин, кој е застрелан од грб. Ама Корчагин умирајќи со пркост и кауза победил зошто станал бесмртен, а ти, ти Зоран Заев живи нè продаваш и тоа е болката што овој народ е тука собран, но и оној надвор кој што денеска не е со нас, туку не следи во домовите. Зоран Заев е подготвен да прифати се, а единствената кочница е македонскиот народ и граѓаните на Македонија. Ова е моментот кога на Заев треба да му се случи народ.
ВМРО-ДПМНЕ го носи бајракот на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ, повика Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.