Премиерот соопшти дека двајцата пратеници од опозициската партија поднеле 750 амандмани на предложените измени
Не се донесени измени на Изборниот законик затоа што Левица имала 750 амандмани, објави денеска премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека за усогласените решенија за медиумско претставување, ДИК и Агенцијата за медиуми треба да донесат подзаконски акти.
„Не знам која опозициска партија што ме обвинува, но го знам виновникот. Левица. Со 750 амандмани го блокираат законот. Јас сум информиран, како што реков, од претседателот на Собранието. Кога е блокиран законот во демократија и во парламент и не постои решение во предвечерието на изборите тоа да се одблокира, претседателот на Собранието одлучил, веројатно во координација со пратеничките групи, дека нема да се донесат последните измени кои беа поднесени во парламент. “,нагласи Заев.
Тој рече дека и законот за личните карти е блокирани од Левица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.