И по три недели Инспекторите за транспорт не успеале да направат вонреден инспекциски надзор во агенцијата „Беса транс“, бидејќи сопственикот не бил достапен, а вратите се затворени.

Од друга страна, тој веќе се појави на телевизиско интервју, а преку нивната фејсбук-страница, компанијата постојано праќа соопштенија до јавноста.

Вчера, пак, новинарска екипа на ТВ24 се јавила на телефонскиот број на агенцијата за да договори патување во Истанбул, а оттаму одговориле дека турите за Турција продолжуваат од јануари, но дека сè уште немаат точни датуми за екскурзиите.

Од „Беса Транс“, пак, повторно преку „Фејсбук“ велат дека ова не е точно.

Ја известуваме пошироката јавност дека „Беса транс ДООЕЛ“ ниту може, ниту сака да организира транспорт (екскурзии), бидејќи компанијата е фокусирана на соработка со институциите на Македонија и Бугарија, за брзо да се откријат причините за ужасната несреќа, се вели во објавата на фејсбук-страницата на агенцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.