Слушам новиве фашисти даваат сугестии коментаторот на мечот Македонија и Грузија, да се казнел или кривично да се гонел за коментарите пред и по мечот. Тоа било говор на омраза. Веројатно и ќе му пуштат некоја тужба. Треба да знаете дека ловот на оние кои не се согласуваат со власта и нивните квислиншки договори е почнат одамна, реагира алтерот Сашо Тасевски.
Во него се замешани и странски агентури. Агенти провокатори, кои прво ве понижуваат преку јавни настапи, чекаат ваша реакција, а потоа следат тужби. Ѓоамити многу сте ги навредиле што сте реагирале кога ве испровоцирале на национална база. Тоа се опасни луѓе и тие се меѓу нас. Наши соседи, наизглед питоми и фини. Си ги знаете горе доле. Но некои се прикриени.
Нивната цел е да ве изнемоштат финансиски и така да ве замолчат. Тоа им е задача од Централата.
Опозицијата, јавноста треба да го знае ова и да реагира соодветно.
Квислинзите на власт нема да гукнат за ова.
Мора да се заштити слободата на говор и мислење во Македонија.
За овог сериозен проблем не ви зборувам на памет.
А на коментаторот Тони, му порачувам, штом добие закани или тужба веднаш да реагира јавно. Да се знае. Да не молчи. Мора да се разоткрие нивниот подол начин на замолчување, порача Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.