Утринава во 7 часот, граѓани кои патуваат кон Србија да се вакцинираат за Фактор сведочат дека од македонска страна на границата, односно на Табановце, рампите се кренати и слободно минуваат сите возила. Проверката, како што велат и македонските гранични служби практично ја прават заедно со нивните српски колеги непосредно пред самиот влез во Србија.

Воопшто нема застој, немаше никој во куќичките и без проверка на пасоши или лични карти поминавме на Табановце. Автомобилите се редат практично на Прешево, пред самиот влез во Србија, но очекуваме да поминеме брзо, велат за Факторнеколку семејства од Скопје што денеска тргнаа да се вакцинираат кај нашиот северен сосед.

Во текот на вчерашниот ден за масовна вакцинација во Белград и во Ниш дојдоа илјадници граѓани од Македонија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, и странци од повеќе европски земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.