Тензично беше денеска во Кривичниот суд на рочиштето за случајот „Топлик“. Сведочеше Анета Јорданова вработена во Министерството за транспорт и врски. Таа била задолжена за попишување на списите од предметот за продажба на градежно земјиште на фирмата „Сан сити“ за изградба на коплексот „Сончев град“.
Таа објасни дека договорот бил раскинат во договор помеѓу Државниот правобранител и фирмата и оти не била направена штета по буџетот на РМ.
Но, на средбата во Владата која се одржала во кабинетот на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски таа трпела закани од државниот правобранител Фахми Стафа, а пак обвинителот Рустеми ѝ појаснувал дека доколку нема побарувања и штета по буџетот, предметот ќе падне.
На Јорданова ѝ побарале да направи прецизирање на имотно-правните побарувања, иако таа не се согласувала со тоа бидејќи во предметот се наоѓале сите докази кои ѝ се потребни на Комисијата за спроведување на јавни надавања.
Таа е јасна дека постои повреда на постапката и оти нема штета во предметот.
Во предметот немаше прекрушување дека е направена штета по буџетот на РМ – јасна е Јорданова.
Но, таа таа трпела притисоци од Кабинетот на Заев дека ќе ја избркаат од работа доколку не достави нов допис во кој ќе наведе дека има штета по буџетот.
На тоа судијата Османи ја праша дали била навистина е избркана од работа, таа рече дека не е бидејќи го потпишала дописот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.