Со гаранција од над 300 илјади евра Ристо Новачевски излезе на слобода по притворот за „Плацеви на Водно“. По нецели три месеци излегол од притвор, објави ТВ24.

Двата стана во Скопје, одземениот пасош и обврската да се јавува судот биле доволни за да се обезбеди негово присуство, проценило Обвинителството кое дало позитивно мислење. Новачевски излегол од затворот после Нова Година, потврдија за ТВ24 и од Кривичен суд и од Обвинителството.

– По поднесено барање од страна на осомничениот Р.Н и добиено позитивно мислење од јавен обвинител од ОЈО-ГОК, судија на претходна постапка одлучи да биде прифатено барањето и осомниченото лице да излезе од притвор со гаранција. – велат од Кривичен суд.

Уште во октомври, Новачевски беше единствен за кого се бараше притвор, од вкупно шестмина осомничени меѓу кои и бизнисменот Орце Камчев. За останатите веќе имало други поблаги мерки, објаснија тогаш од Обвинителството. Образложението за Новачевски дека мора да оди во притвор беше стравот од бегство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.