Датум за преговори нема, вето има, а згора на се и брдо навреди, што лишни, што национали, од „браќата“ од истокот. Прегратки, бакнежи и слатки зборови очигледно паѓале од двете страни, но горкиот вкус на поразот и понижувањето е во нашата уста.
И наместо да спадне прашината од двете страни, македонската ги „крие чувствата“ иако ја „кине и корне“, а бугарската продолжува да се празни во боксерксата вреќа.
Колку биле на чисто работите уште пред 17 ноември јасно е од ова интервју на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, дадено на 5 ноември за бугарската телевизија „Он ер Бугарија“.
Мојата прогноза е дека сега ветото на Бугарија ќе биде еден студен туш за нив (н.з. Македонија). Се надевам дека тој студен туш ќе дејствува како што дејствува на еден пијан човек кој живее во илузиите создадени од испарувањето на алкохолот. Малку едно отрезнување, седнување на маса и чесен дијалог меѓу народи кои имаат општа историја и говорат еден ист јазик. Тоа очекуваме. Ако не, нема проблем, ние не брзаме, вели Каракачанов во одбрана на своите тврди позиции.
Каракачанов уште еднаш го повторува бугарското стојалиште дека без правни гаранции, Македонија нема да добие зелено светло.
Да, треба да има писмен документ, јас на изјавите на скопските политичари и министри не верувам. Три години слушаме само убави нешта.
Прво, јасно и категорично признание за тоа дека историјата на Македонија до 1944 година е дел од историјата, културата и јазикот на бугарскиот народ. Второ, нивните напори за создавање на некаков посебен идентитет, датираат после 1944 година. Трето, и покрај ова, на територијата на Република Македонија има луѓе, кои и покрај државната политика имаат бугарски чувства и го нарекуваат својот јазик бугарски. Анекс го кажав, може да е меморандум, може да е нов договор, како сакате речете го, идејата ми е да биде потпишан, затоа што не им верувам на убавите изјави, потенцира тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.