Првата пратка со вакцини „АстраЗенека“ за државава преку Ковакс механизмот пристигна изутринава пред осум часот на Меѓународниот аеродром Скопје.

Најавени се обраќања на министерот за здравство Венко Филипче и делегација со членови на дипломатскиот кор, преставници на СЗО, УНИЦЕФ и регионалната канцеларија на ОН.

Со 24.000 вакцини „Астра зенека“ се очекува в среда да почне масовната имунизација на населението во државава. Со нив ќе бидат опфатени лицата над 75 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.