Новото продолжение на „Ла Верита“ за набавката на кинеските вакцини покажува дека главен збор водел министерот за здравство Венко Филипче. Неговиот потпис стои на сите документи, и она што е поважно тој им укажува на Кинезите преку која фирма да оди на нарачката.
Ова се разбира им станало сомнително на одговорните од Синофарм бидејќи омилената фантон фирма на Филипче „Starbi International” од Хонг Конг не се знае ни колку вработени има, доколку ги има воопшто, фирмата исто така според регистарот во Х.К. нема медицинско ниту фармацевтско портфолио.
Таа е регистрирана во 2017г, само 5 месеци по формирањето на владата на Заев, открива весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.