Се врзуваат за ЕУ и НАТО, меѓутоа убаво им рече мојата соработничка, дека тоа е лага. Од ЕУ фондовите за екологија и еколошка заштита може да користите средства кога ќе станете членка на ЕУ. Но тие само гледаат да го одложат проблемот. Неспособни се да решат ниту еден проблем доколку некој не им наредува. Научени се само на поданичко однесување и тогаш се фалат дека сите патишта им се отворени. Ниту еден пат не им е отворен, ние ќе треба да ги отвораме. Прво на претседателските, па на предвремените парламентарни избори, истакна кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на денешниот митинг во Валандово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.