На Саше Политико му е јасно дека рејтингот на СДСМ вртоглаво паѓа на анкетите, но аналитичарот и поранешен висок функционер во СДСМ Ѓорги Спасов семета дека Заев го искористил мандатот за манифестирање способност во решавањето на клучните проблеми.
Абе Сале Мутави сфатил зошто на Заев му се брза за избори (односно, така му е кажано), а ова елитава никако да сконта. Тонат другарчињата од ден на ден… Што тука не е јасно, прашува Героски.
Преписката меѓу Ивановски и Спасов е на статусот на Спасов „Не е време за предвремени избори“.
Грешка е да се оди на предвремени избори.
На оваа влада, пред обидот да му биде скусен животот на премиерот Заев од страна на “патриотите” на Мицковски, и беше веќе скусен мандатот за 6 месеци.
Сега Заев сака сам да си го скуси мандатот скоро уште за година и половина.
Мицковски не заслужува власта да ги исполнува неговите барања и желби.
Зошто на Заев му е потребен нов мандат кога има уште многу време и мнозинство да го заврши сегашниот.
Политички е одговорно од позиција на премиер да се соочи со проблемите кои до крајот на мандатот можат и треба да се решат.
Сите што гласавме на референдумот “за” и што се согласивме да се прифати договорот со Грција знаевме дека превземаме одговорност за деблокирање на нашето членство во НАТО и во ЕУ.
Заев не не излажал и не може заради ветото од Франција да да се чуствува одговорен и да носи одлуки во услови на разочараност.
Сите ние гласавме неодамна и на претседателските избори и потврдивме како мнозинство во избирачкото тело дека избраниот пат во сферата на надворешната политика е добар и исправен.
Сега е потребно да се доврши со храброст овој мандат на владата и да завршат судските процеси против оние чија цел е со предвремени избори да се спасуваат од политичка и кривична одговорност.
Храброста што Заев ја демонстрираше при промената на режимот и при храбрите чекори за подобрување на односите со соседите не треба да биде заменета со малодушност и натамошно попуштање пред оние кои во овој период направија се за Македонија да ја претворат од заробена во блокирана држава.
Сега е потребна уште поголема политичка храброст но не за предвремени избори туку за одбивање на сите такви барања.
Речи си година и половина до крајот на мандатот на сегашната влада не се кус период и не треба доброволно да се ризикува со избори за да му се покажело на светот колкава штета ни е направена со измамата што ни ја приреди Франција.
Претседателот Пендаровски за време на денешната средба со лидерите на партиите треба да им ја предочи и штетата од предвремени избори, пишува Спасов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.