Обвинителката Вилма Рускоска беше видно нервозна по денешното сведочење на вештакот Мирослав Котевски кој со анализа на телефонските броеви на Александар Василевски и на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски докажа дека обвинетите немале никаква комуникација со Нинџа на 27 април 2017 година.

Исто така вештакот докажа дека Нинџа на 27 април воопшто не бил во партиската зграда.

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ

Но, тоа не и се допадна на Рускоска која се жалеше кај судијата Илија Трпков дека вештакот ги вештачел разговорите на Нинџа врз основа на скенирани докази а не врз оригналните документи.

На тоа се спротистави адвокатот Еленко Миланов кој објасни дека дека вештачењето е направено врз основа на докази кој и судот ги поседува.

Судијата Трпков го запраша вештакот дали ако мобилниот телефон е исклучен дали тоа се регистрира во базните станици на што тој одговори потврдно, односно дека уредот е постојано уклучен на некоја базна станица.

-Во доказите нема податоци кога му е исклучен мобилниот телефон каде тој се наоѓа-објасни Котевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.