На родилка и беа извадени три здрави органи. И што се случи? Едвај се направи комисија, па едвај се разреши директорот на струшката болница, па сега Филипче најави и некој нова комисија. Одговорност-што беше тоа?
Каде се надлежните институции. Станува збор за лекар кој вршел јавна функција, директор на Болницата во Струга, а паралелно имал своја ординација – стпо во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие обвинуваат дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат спие:
И во јавноста ништо не се слушна, на пример како работи ординацијата, што со орданицијата во иднина. А и Филипче молчи. Ја нема ни Лекарската комора. Напарви некоја комисија, а комисијата речиси и да не работеше според тоа што јавноста го виде и слушна. А како може и да се очекува, една ваква институција на фелата, да реагира.
Тоа е истата онаа Лекарска комора за чија претседателка има Одлука од Антикорупцикска дека има судир на интереси.
Зошто не реагира? Затоа што претседателката на Лекарска комора е и директора на Клиниката за гастроентерохепатологија. Или има судир на интереси затоа што Лекарската комора ја цени работата на директорите на јавните здравствени институции. Или претседатеката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова ја контролира директорката на Гастро, Калина Гривчева Старделова. Антикорупциска и вели не може така, ама на претседателката и директорката не и гајле.
Понатаму во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ стои:
Зошто таква една личност да се грижи за тоа што една пациентка е осакатена.
И Филипче пак молчи. Не го интересира кои лица ги водат јавните здравстевни институции, или едноставно, Филипче ја штитити Гривчева Старделова.Токму поради ова, поради сите пропусти кои ги дозволи во случајот со родилката, Филипче треба да одговара и да си оди од функцијата! Оставки треба и во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и од претседателката на Лекарската комора!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.