Излезот од состојбите во Македонија е победа на обединет опозициски блок, убеден е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Имаме разлики во опозицијата, ама целта ни е иста. Пораз на Заев и вадење од катастрофата на Македонија. Во изминатиот период имав контакти со повеќе лидери и партии и чувствувам силно опозициско расположение и еве тука, од Битола, во име на ВМРО-ДПМНЕ подавам рака кон секоја опозициска партија и сила, да ни се приклучат. Ако целта ви е промени на власта, пораз на мафијата на Заев, СДСМ, ДУИ – тогаш сте добредојдени со нас. Опозициски блок најдобро ќе ги штити државните интереси, ќе се бори за економски прогрес и ќе ја победи мафијата. Сега повеќе нема никакви изговори, ова е моментот за обединување и подавање на рака. А сите тие кои ќе останат надвор и кои ќе се колебаат, бараат изговори или спротивстават на обединување се оние служат во скутот на Заев и се инсталирани од власта за да ја слабеат опозицијата. Многу јасно и прецизно ќе се видат. А опозицискиот блок, обединетата опозиција ќе ја собори власта. Овде се работи за нашата иднина и за иднината на сите. Се работи за иднината на Македонија, порача Мицкоски од Битола, од прославата на 30-тиот роденден на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
А што ќе направи ВМРО-ДПМНЕ, како ВМРО ќе се проектира наредниот период, рече Мицкоски, кој најави големо изненадување за 16 јуни.
16 јуни е вистинската најава за пресврт, за еден голем новитет, во пресрет на одбележувањето на формирањето на нашата партија од Охрид ќе го соопштиме новитетот. На посебен настан. ВМРО-ДПМНЕ е стеблото, ВМРО-ДПМНЕ е покривката која обединува луѓе. ВМРО-ДПМНЕ на вистинските патеки, а запаметете 16 јуни е она што сите го очекуваат. Бидете стрпливи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.