Објавувајќи документ од 1923 година од македонското друштво „Гоце Делчев“ формирано од Македонците во Пловдив, Бугарија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одбележа 149 години од раѓањето на македонскиот револуционер.

Името и делото на Апостолот на ВМРО – Гоце Делчев, отсекогаш претставувало инспирација на македонскиот патриотизам во борбата за создавање на независна македонска држава.
Во негова чест во 1923 година Македонците – емигранти во Пловдив се организираат во македонско друштво “Гоце Делчев”. Друштвото имало за цел со легални средства под девизата “Македонија на Македонците” да се бори за независна Македонија.
Документот всушност се првите членови од Уставот на друштвото, кој бил потврден од министерството за внатрешни работи на Бугарија, објави Мицкоски.

По повод 149 години од раѓањето на Гоце Делчев, како што пишува, македонски херој врз чие име, дело и жртва почива нашата борба за слобода и денешната држава Македонија, Мицкоски се потсети на неговата изрека:

„Во жртвата нема степен, таа завршува со чест и со име“

Слава му!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.