На водителот на утринската програма на „Канал 5“ Роберт Јанков му пукна филмот откако вчера министерот за здравство, Венко Филипче се одлучи да не поднесе оставка по големата трагедија во Тетово во која загинаа 14 лица.

На никој политичар нема да му падне круната од глава ако даде оставка и ако замине. Значи секој е менлив, јас сум менлив, политичарите да не правам муабет. Ова како да живееме. Не можам да разберам ова стварно каква трагедија, ние ќе се објаснуваме навистина ли треба да го поставиме прашањето дали треба да има одговорност. 14 луѓе загинаа, изгореа живи. Да утврдиме па ќе видиме. Не ми се верува сериозно, ова е. И на 50 години, човек да си спакува куферите од тука, да си замине и да не се сврти, вели Јанков, и за ова доби голема поддршка на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.