Поранешниот и актулениот министер за внатрешни работи Наќе Чулев и Оливер Спасовски биле повикани во обвинителството за организиран криминал и корупција како сведоци во предистрагата за софтверот, но не и Драги Рашковски, објави „Телма“.
Како што јавува „Телма“, Спасовски бил на распит како сведок во средата, кога давал исказ дека МВР нема потреба за софвтерот купен од Рашковски, бидејќи сметала дека користењето на „сејф сити“ системот за сообраќајни прекршоци е спротивен на законската заштита на лични податоци. „Сејф сити“ се користел само при кривични истраги, па поради тоа немало одлука за набавка, ниту потреба од софтверот смислен и купен од ист човек, поранешниот генсек на владата Драги Рашковски.
Исказот, Спасовски го давал пред обвинителката Вилма Русковска затоа што надлежната во предметот обвинителка Ивана Трајковска имала други тековни обврски. Пред Русковска како сведок во четвртокот седнал и екс министерот Наќе Чулев и ги кажал своите сознанија од неговиот мандат, односно дека немал информации за набавката на Раковски.
Поранешниот генерален секретар кој сега има секретарско место во кабинетот на премиерот Заев не е повикан на распит, но редовно си оди на работата на Илинденска после двонеделниот одмор во Мексико.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.