Пред 10 години, на 8 Септември 100 илјади македонски граѓани се сплотија да прослават две децении македонска независност. Се вееја македонски знамиња, се пееја македонски забавни и народни песни, се испраќаа моќни пораки.
Плоштадот Македонија беше претесен да си собере сите граѓани кои дојдоа да ја прослават независноста на својата татковина, чие мото таа година беше „20 години државност – 20 години независна Македонија – заедно под едно сонце”.
Денеска, пред Собранието на Македонија се прославува 30 години независност на Македонија, а улиците се празни.
Освен политичарите и гостите кои се повикани според протоколот, обични граѓани кои присустуваат на прославата има малку. Вчера Владата објави дека на манифестацијата може да присустуваат како гости граѓани кои се вакцинирани против ковид-19 или оние кои го имаат прележано вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.