И денеска падна националната платформа за онлајн-учење уште пред вклучувањето на сите ученици. Пред 10 часот платформата покажува ерор, што значи дека се уште не може да го издржи наглото оптоварување.

И вчера се појави истиот проблем. Од Министерството за ообразование и наука (МОН) вчера соопштија дека се прават постојани тестирања кои ќе продолжат и во наредните денови откако падна системот и платформата www.schools.mk.

Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици. Со цел да обезбедиме целосно функционална платформа до почетокот на учебната година тестирањата продолжуваат и во наредните денови. Во моментов се прават сите подготовки, тестирања и оптимизации на платформата, информираше вчера МОН кое викендов соопшти дека платформата е достапна за користење од учениците и родителите.

Платформата треба да ја користат околу 250.000 ученици и 25 000 наставници на пет наставни јазици. МОН ја креираше во соработка со ФИНКИ и со помош на комората за ИТ-технологии – МАСИТ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.