Како законот предвидува, тоа ќе го почитуваме. Јас сум тој што барал пржинска влада и таа е впишана во законот. Причината е за да сите учесници во изборниот процес имаат доверба во процесот. Предвидено е во законот и ние тоа ќе го почитуваме, одговори премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за тоа кога ќе се повлече од функцијата претседател на Владата откако на прес-конфренцијата најави предвремени парламентарни избори.

Што се однесува до датумот на предвремените избори Заев тврди дека не е планиран и дека и тој ги слушнал шпекулациите за декември, март или април, но одлуката ќе биде донесена од страна на партиските лидери на средбата закажана за утре кај претседателот Стево Пендаровски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.