На социјалните мрежи осамна видео на кое се гледа како се транспортираат наемните работници за берба на вишни. Работниците се превезуваат во автобус, без заштитна маска и без одржување на потребната дистанца.

Од фирмата за преработка на вишни за „Сител“ велат дека тие немаат плантажи, туку дека нивниот автобус е позајмен на соработници кои имале проблем со транспортот на сезонските работници. Сепак, возачот на автобусот има потпишано изјава дека ќе ги почитува здравствените протоколи, во спротивно ќе следува дисциплинска постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.