Откако Бојан Јовановски пред судот истакна дека знаел на кој начин бил поставен Иван Џолев за претседател на Основниот кривичен суд Скопје и притоа побара негово изземање поради сомневање за непристрасност, посочи лица кои влијаеле за неговото поставување на местото претседател. Но, и за неговото незаконско работење и раководење на најголемиот суд во нашата држава.
Добро упатени извори на Нетпрес за порталот велат дека станува збор токму за овие лица на фотографиите, бидејќи се поклопуваат со искажаните зборови на Јовановски пред судот.
Имено, на фотографиите кои се јавно достапни, пишува Нетпрес, со Боки 13 е фотографирана судијката Мери Дика, која е сегашен судија во скопска Апелација, а во времето на изборот на Џолев за претседател на Кривичен била член на РСС, токму како што беше искажано од Јовановски дека во тоа време кога Џолев бил избран за претседател, тој бил во секојдневна комуникација со судија член на РСС и дека на тој начин знаел кој влијаел и кој го наместил Џолев за претседател.
Се испоставува дека Јовановски ја зборува вистината пред судот додека правосудните органите молчат и се штитат помеѓу себе, бидејки неспорно се испреплетени едни со други во хоризонтите на нивните лични и политички интереси, коментира Нетрпес.
Други извори за Нетрес велат, пак, дека во податоците на телефонот на Јовановски се наоѓаат комуникации кои укажуваат на јавнообвинителската, судската и политичката спрега која на крајот има само еден резултат, а тоа е корумпиран и политички диригиран правосуден систем.
На следната фотографија заедно со Боки 13 е Горан Стаменковски, советник на Зоран Заев и вработен како шеф на Секторот за човечки ресурси при Основниот кривичен суд.
Воедно на јавноста ова лице ѝ е познато по неговото непримерно поведение и проблематично однесување, за кое имаше добиено и кривични пријави за насилство и мобинг на работно место, токму од лица вработени од судот. Но благодарение на неговата близина со Заев и Џолев епилог и завршница која би значела санкционирање не видовме, туку напротив Стаменковски наместо санкционирање доби советничка плата во кабинетот на Заев, покрај онаа плата од работното место во судот, пишува во текстот на Нетпрес.
Откако Јовановски во судница кажа дека советник на Заев и вработен во судот бил главниот посредник во судско-политичките малверзации и нарачани пресуди, добро упатените велат дека станува збор за ова лице кое со Јовановски имал контакти и дека во телефонот на Боки 13 се наоѓа остварена комуникација помеѓу него и советникот на Заев, од која комуникација може да се дојде до сите незаконски дејствија сторени од страна Џолев, извршителот Горан Стаменковски и крајната адреса Зоран Заев.
Исто така, порталот посочува дека во разработена шема за изнудување на пари, Горан Стаменковски имал вклучено и неколку адвокати блиски до СДСМ и дека за секоја одлука на судот морале да бидат платени пари кои проаѓале низ рацете на Стаменковски, кој потоа ги распределувал до неговите “властодавци”.
Доколку сето ова го има во телефонот на Боки 13 – Зашто Русковска при водењето на истражните дејствија не преземала никакви обвинтелски активности кон овие лица и заради што не постапила или пак и самата Русковска се пронашла во телефонот на Јовановски во оваа разработена шема, прашува Нетпрес.
Меѓу останите податоци кои се наоѓаат во телефот на Јовановски постои и уште една комуникација која лично ја засега Русковска и уште еден обвинтел од ОЈО ГОК, со кој обвинител Боки 13 имал секојдневна комуникација, тој обвинител е од редовите на обвинтелството за гонење на организиран криминал и корупција каде шеф е токму Вилма Русковска, тврди изворот на Нетпрес.
За сето ова ги контактиравме правните застапници на Јовановски кои ни потврдија дека во моментов работат на екстрахирање на податоците и вештачење на телефонот на Јовановски и дека пред судот, а и пред другите правосудни органи ќе достават огромен број на материјални докази.
Дали е на повидок нова афера и конечно расветлување на сите недоречености и излегување на вистината на виделина? Каков развој ќе има и каква ќе биде одлуката за изземањето на Иван Џолев, останува да видиме на рочиштето за предметот Меѓународен сојуз, кое е закажано за в петок, во 10 часот, завршува Нетпрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.