На полноќ истекува рокот до кога радиодифузерите кои се претходно регистрирани во Државната изборна комисија (ДИК) се должни да достават нови (корегирани) ценовници согласно член 75-ѓ став (9) од Изборниот законик.
Печатените медиуми, доколку имаат корекција на доставените ценовници, можат да достават нови (корегирани) ценовници во истиот рок, информираат од ДИК.
Архивата на Државната изборна комисија денеска ќе работи до 24:00 часот.
Вечерва во 24:00 часот истекува и рокот до кога сите радиодифузери и печатени медиуми кои претходно не се регистрирани во Регистарот за радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (електронски портали) на ДИК (не поднеле барање за упис, немале комплетна документација или го пропуштиле рокот. Овие радиодифузери и печатени медиуми со барањето за регистрација се должни да достават и ценовници согласно член 75-ѓ став (9) од Измените на Изборниот Законик објавени во Сл. Весник бр. 215/21 од 16.09.2021 година, за предвремени парламентарни избори 2014, предверемени парламентарни избори 2016, локални избори 2017, претседателски избори 2019 и предвремени парламентарни избори 2020, информираат од ДИК.
Радиодифузерите и печатените медиуми што нема да се регистрираат или што нема да достават нови (корегирани) ценовници најдоцна до денеска до 24:00 часот, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот.
Доколку Државната изборна комисија утврди неправилности во ценовниците од радиодифузерите и печатените медиуми го известува соодветниот медиум да изврши корекција на ценовникот во рок од 72 часа од приемот на известувањето.
Регистрираните радиодифузери како и радиодифузерите кои поднеле нови барања за регистрација, а кои што нема да достават нови (корегирани) ценовници во наведениот рок го губат правото да бидат регистрирани за платено политичко рекламирање и нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот, посочуваат од ДИК.
Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) се води врз основа на поднесено барање за упис до ДИК, со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар на Македонија, не постара од 30 дена. Документацијата од ова известување се поднесува електронски на mediumi@sec.mk или во архивата на Државната изборна комисија на булевар „Св. Кирил и Методиј” бр. 54, 1000 Скопје, најдоцна денеска до 24:00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.