Рокот за примање на втора доза „Астра зенека“ од 12 недели ќе се скрати на шест недели, што ќе важи за сите граѓани кои треба да се ревакцинираат со оваа вакцина рече денеска министерот за здравство Венко Филипче, по разговорите со членовите на Комитетот за имунизација.

Во упатството има една флексибилност од 4 до 12 недели, ние бевме многу внимателни чекајќи ги сите публикации и искуства на други земји за првично регистрирани несакани ефекти. Како гледаме дека тој ризик е прилично минимален одлучуваме ревакцината да биде на шест недели, објасни министерот.

Филипче посочи дека нема промена во однос на лицата кои ја примаат оваа вакцина, односно со „Астра зенека“ и натаму ќе се имунизираат постарите од 60 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.