Уривањето бетонски платформи, плочи и потпорни ѕидови на крајбрежјето на Охридското Езеро продожи денеска со активности на плажата Канео во Стариот дел на Охрид. Со компресор се уриваат бетонските структури што во одредени делови навлегуваа и во самиот литорален крајбрежен езерски појас.
Градоначалникот Константин Георгиески во едно од неговите претходни изјави појасни дека станува збор за ослободување на крајбрежјето на Езерото од бетонот поставуван изминатите деценија и повеќе, од страна на концесионерите кои имаа договор за стопанисување со некои плажи.
Се отстранува секоја урбана опрема и градби што се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план, на сите локации што навлегуваат во Катастарската парцела 1/1 Охридско Езеро.
Од Општина Охрид најавија дека активностите на терен ќе траат се до конечно расчистување на крајбрежјето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.