Ниту еден од над 100 гости кои биле присутни на свадбената веселба, која се одржала во хотел во Охрид на 31 јули, а после која и зетот и невестата биле позитивни на ковид-19, не е во изолација, дознава „Слободен печат“ од извори во ковид-одделението во охридската болница.
Повеќе од 100 присутни гости имало на свадбата која се одржала на отворено во хотел на 31 јули. После петтиот ден, тој веќе добил температура и се јавува во болница да каже што чувствува исто како и невестата. Уште од Австрија имале вирус во нив, но не се тестирале таму на граница влегле без ПЦР тест и не се вакцинирани и двајцата. Имаат по 27 години. Во моментот од присутните на себапот ниеден не е јавен во болница или на матичен лекар да побара помош. Тринаесет дена се поминати уште никој не е дојден со симптоми. Претпоставуваме дека добар дел од нив се вакцинирани или прележани. Обично се чека 3 недели, и дај Боже да немаме, изјави за „Слободен печат“ главната сестра на инфективното одделение во Охрид, Мира Спасова.
Повеќе на „Слободен печат“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.