Селафистичката верска заедница „Дар ел Хадис“ ден пред Новата година доби дозвола од надлежните институции и е регистрирана, на што остро реагираат од Исламската верска заедница. Според ИВЗ судот не смеел да даде дозвола за регистрација, биедејќи не било земено мислење од петте уставни заедници и законот не дозволувал заедница која има исто име, учења и исти религиозни практики. ИВЗ веќе поднела жалба до Апелација и ги известила државните институции но и меѓународните претставници. Тие директно ја обвинија судијката која ја дозволила регистрацијата а според ИВЗ новата верска заедница ќе внесе раздор меѓу верниците и ќе има штетни последици.
Новата верска заедница е регистрирана на 31 декември минатата година, а основачкото собрание било во ноември. Идејата потекнала откако не им било овозможено да ја практикуваат религијата на оној начин како што тие веруваат дека е исправно. Велат дека како и ИВЗ се дел од Исламската религија но има длабоки разлики меѓу нив. Децидни се, законите се запзаени а не прекршени.
Од судот без коментар, бидејќи тече постапка во Апелација.
За овој предмет во моментов се води постапка пред Апелациониот суд по жалба поднесена од заинтересираното лице – ИВЗ. Од тие причини Основниот граѓански суд во Скопје не може да коментира неправосилни судски одлуки, велат од Апеллација за „Телма“.
Комисијата за односи со верски заедници е запознаена со случајот, а оттаму за телевизијата велат дека има недоречености во законот поради кои дошло до оваа ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.