На Александар Наумоски и на СДСМ им текнува на Ново Село, Орман, Волково и Кисела Јабука само пред избори, велат од ОК Ѓорче Петров ВМРО-ДПМНЕ.
-Четири години немаат реализирано ниту еден целосен проект, а и тие што останаа од времето на ВМРО – ДПМНЕ не можат да ги завршат. Бегаат од граѓаните заради лажните ветувања и нереализирани проекти, четири години никој не го видел Наумоски или некој од неговата партија да се прошета низ улиците на овие населени места и да објасни зошто ништо од ветеното не е реализирано.
Да инсистираше Наумоски и да се бореше за реализација на дадените ветувања како што се бореше и агитираше за промена на уставното име на Република Македонија сега Волково, Ново Село, Орман и Кисела Јабука ќе беа многу поубави места за живеење.
Се што добија граѓаните на овие места од Наумоски и СДСМ е промена на името, продажба на историјата и националните интереси.
ВМРО – ДПМНЕ после победата на локалните избори во октомври и новата општинска власт сериозно ќе се посвети на реализацијата на проекти во овие места, со цел решавање на сите проблеми кои ги мачат нашите сограѓани.
Чесно, транспарентно, искрено и заеднички ќе ги решаваме проблемите на граѓаните!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.