Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пристигна на протестот за поддршка на уставобранителите.Тој вели дека на народот му е преку глава и оти чашата ја прелило изборот на Добрила Кацарска за уставен судија.
Народот е на ивица на трпение и ако продолжи вака отсутно да се однесува Зоран Заев и владата на СДСМ ја се плашам дека работата ќе се радикализира уште повеќе. Мојата порака до нив е да не си играат со трпението на народот затоа што тоа трпение има и свој крај.
На прашањето дека претседателот Стево Пендаровски изјави дека луѓето кој се во затвор не се виновни, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека претседателот на државата таа изјава ја менуваше во неколку наврати.
Првично ја даде таа изјава, дека не се виновни за тоа што се судени. Тоа е и нашето барање. А тоа е да се врати процесот од почеток и да се суди за тоа што навистина погрешиле пред законот, а не за тоа што го нарачал Зоран Заев за денеска Кацарска да стане претседател на Уставниот суд, изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.