Дванаесет луѓе во Охрид се заразиле со коронавирус на семејна прослава на која се славело раѓање на бебе, а преку 40 се ставени во самоизолација, објави „НОВА“.

Меѓу заболените кои го славеле раѓањето на новиот член во семејството е и таткото на бебето за кој се претпоставува дека е изворот на овој нов кластер. Тој е хосипитализиран во болницата во Битола, со лесна клиничка слика.

Неофицијално, на прославата за два дена продефилирале околу 200 луѓе. Семејната прослава се случувала во дворот на куќата. Во Центарот за јавно здравје велат дека не знаат колку точно луѓе биле на прославата, туку дека тие вршат тестирање и ги утврдуваат контактите. Сепак, информациите од таткото и епидемилошката анкета, треба да исфрлат податок колку луѓе имало таму.

Целиот текст тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.