Денеска на Меѓународниот балкански универзитет, се отвори Факултетот за дентална медицина и Високата медицинска школа, каде се опфатени стручни студиски програми за медицински сестри и акушерки. На отворањето со претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп разговаравме дека ова е значаен придонес во едуцирање на нов кадар, а воедно и вложување во квалитетни здравствени услуги, oбјави министерот за здравство Венко Филипче.
Универзитетот за практична настава на студентите, ќе соработува и со јавни здравствени установи: ГОБ„8-ми Септември“, Универзитетски стоматолошки клинички цетар „Св.Пантелејмон“, ЗД Скопје. На моите колеги, наставниот кадар им посакувам успешна работа, а на студентите да го реализираат нивниот сон за кариера во здравствениот сектор во нашата држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.