Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е во работна посета на Берлин, денеска остварил средба со наши иселеници и членови на Задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Берлин.

Мицкоски информира дека на средбата се дискутирало за Македонија, за актуелната состојба и нејзината иднина.

-Картите во еден правец надвор од Македонија се најчестата алтернатива кога луѓето не ја гледаат иднината во нашата земја. Мора заеднички да се обединиме во изградбата на посветла иднина, да го искористиме сиот потенцијал за да Македонија почне да се развива, да оди со крупни чекори напред, вели Мицкоски и додава:

На Македонија ѝ треба преобразба која ќе донесе подобар живот. За сето ова да стане можно потребно е да се порази оваа власт, криминалот и корупцијата кои тие го носат, уништувањето во сите сфери на животот кој тие го сеат зад себе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.