Зошто ѝ се потребни предвремени избори на Македонија? Дали ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори, но и за За актуелните случувања поврзани со СЈО, случајот „Рекет“, заканите кон новинарите, најавениот економски бум, разговаравме со Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Разочарувачки е како власта ги исполнува ветувањата за слобода на медиумите – со нивна цензура преку т.н. борба со лажни вести, со закани кон новинари, кривични тужби. Најголемата грешка на оваа Влада покрај сè што се случи изминатите 3 години е тоа што ја уништија надежта и духот на македонските граѓани и завладеа апатија.
ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициона партија секогаш е подготвена за избори, како што што го покажавме и на претседателските избори. Во однос на потребата од предвремени парламентарни избори не треба ние политичарите да го даваме нашето мислење, запрашајте го секој млад човек, земјоделец, новинар, здравствен работни, претприемач, сопстевник на мал бизнис итн. дали се живее подобро и побезбедно од пред 3 години и ќе ви го даде одговорот. На Македонија не ѝ се потребни само предвремени избори, на Македонија и е потребна обнова и тоа уште утре, вели Нелоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.