Поранешниот амбасадор на САД во Бугарија, Џејмс Пердју, кој е и еден од посредувачите во разговорите за Охридскиот рамковен договор, во интервју за Бугарското национално радио (БНР) изјави дека Македонија е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува или командува.
На прашањето дали спорот меѓу Софија и Скопје е голем проблем за Вашингтон, Пердју одговори дека тоа е големо разочарување.
Верувам дека е во интерес на Бугарија да биде чувар за каузата на Република Македонија да постигне членство во ЕУ. Колку на некои луѓе да не им се допаѓа, тоа е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува или командува, откако веќе го реши спорот за името со Грција. На Република Македонија и на Бугарија многу повеќе им прилега да бидат блиски сојузници отколку да се караат околу историјата – изјави Пердју.
Тој додаде дека Русија одлучила да го претвори Балканот во зона на стратешка битка за влијание со САД и нивните сојузници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.