На Македонија ѝ е потребен фер попис во кој ќе веруваат граѓаните, смета Никола Груевски, поранешен премиер на Македонија. Според него, потребен е попис и многу е важна потребата од заедничка соработка на партиите заради државен и национален интерес.

Во својство на поранешен премиер, неколку работи околу претстојниот попис.
На Македонија несомнено и е потребен попис.

Но, пред се реален и фер попис, попис во кој ќе веруваат најголем дел од граѓаните, со закон кој го гарантира тоа и со доверба кај сите политички чинители која потоа ќе се рефлектира и во поголема доверба кај населението и општата јавност. 

Отфрлањето на амадманите со кои се предлагаше при секое попишување идентификација на лицата да се направи со отпечаток од прст преку мобилна опрема кај секој попишувач која е он лајн поврзана со базата на податоци на МВР е лош сигнал и нема аргументирано објаснување, што остава простор за сериозен сомнеж дека некој планира лажирање на пописот со лица кои не се присутни или можеби и не се живи.

Исто така отфрлањето на принципот на секаде да одат двајца попишувачи од различна националност со врзан потпис е голем чекор кон нарушување на довербата во процесот но и на зголемениот надѕор. Но, отфрлањето на амадманите не е крај на сите можности ако почне порационално да се размислува.

Не е разбирливо зошто се укинува државната пописна комисија во која и опозицијата би можела да делегира неколку експерти од областа, кои би имале право на проверка на попишаните лица, со испраќање нова попишувачка двојка онаму каде има основан сомнеж, но и со надзор на работата при утврдување на критериумите и изборот на теренски попишувачи како и контрола врз внесувањето на податоците во компјутер подоцна.

Отфрлањето на предлогот на опозицијата секој попишан да добие примерок од пописната листа исто така мислам дека не е добар чекор. Таа идеја не само што ќе ја зголеми довербата во процесот, туку ќе направи многу луѓе и нивните наследници горди, покажувајќи како се попишале како Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, но и Бугари, Грци, Хрвати и.т.н. а ќе помогне и да нема лажирања при конкурсите за вработување во јавниот сектор каде понекогаш се случува различни лица лажно да ја престават својата националност за да обезбедат вработување во некоја државна институција, пишува Груевски.

Попис во Македонија и потребата од заедничка соработка на партиите заради државен и национален интерес

Во својство на…

Posted by Nikola Gruevski on Tuesday, 26 January 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.