Доктор Стојанчo Рамов го познавам долго време и е мој добар пријател. Одличен човек, посветен и едуциран доктор. Долг период од животот го посветил на своето образование, а целата своја кариера за здравјето на граѓаните. Несебично и со голема посветеност го дава максимумот во борба со Ковидот. Тој е човек хуманист кој го сака градот и може да направи многу за него. Др.Стојанчо значителен дел од финансиските средства кои ќе ги добива како претседавач на општинскиот Совет, во текот на целиот мандат, ќе ги донира за поддршка на најдобрите ученици од основните училишта во Кавадарци.
Др. Стојанчо е носител на листата на советници од ВМРО ДПМНЕ во општина Кавадарци. Одличен избор за општината, човек кој убеден сум дека и понатаму посветено ќе работи за доброто на граѓаните и за сите нас кои Кавадарци го носиме во срцето.
На предложената листа на советници се наоѓаат докажани и искусни луѓе, истакнати професионалци, кои добро ги познавам и верувам дека ќе работат за убава и модерна општина. За европско и просперитетно Кавадарци!, напиша на Фејсбук, Наќе Чулев



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.