Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса и Алтернатива денеска во 13 часот, како што најавија од Владата ќе имаат координација со техничкиот премиер Оливер Спасовски во врска со реализација на владините мерки за справување со коронавирусот.

Лидерите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Зоран Заев, Христијан Мицкоски, Али Ахмети, Билал Касами, Мендух Тачи, Зијадин Села и Африм Гаши го потврдиле присуството на состанокот, а тие со нив ќе понесат уште еден партиски претставник.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање, нагласи дека не може да се каже дали ќе се одржат изборите. Согласно роковите изборната кампања треба да почне на 23 март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.