Припадници на АРМ ќе учествуваат на заеднички воени вежби на Криволак со американски и полски војници од составот на КФОР.

Владата одлучи да дозволи влегување и престој на странски вооружени сили во земјава заради изведување на вежбовна активност.

Со оваа одлуката во Македонија ќе пристигнат 170 припадници на Вооружените сили на САД и 10 припадници на Вооружените сили на Полска од составот на КФОР, со возила, вооружување, материјално-технички средства и опрема. Овие војници, заедно со припадници на АРМ ќе изведуваат вежби за гаѓање и заедничка обука.

Воените вежби ќе се одржат на Армискиот полигон Криволак, во периодот од 19 август до 25 септември 2020 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.