Огранокот на Алијансата за Албанците во Тетово, информира дека се уште не зазела став за директна поддршка на едниот или другиот кандидат за градоначалник во вториот круг од локалните избори во градот.

За ова ќе одлучуваат централните тела на партијата по консултации со сите страни. Истовремено, ја известуваме јавноста дека Алијансата за Албанците е заинтересирана за падот на корумпираната и криминална ДУИ во Тетово, Струга, Чаир, Теарце и Боговиње, но ДУИ конечно паѓа кога ќе падне Владата. Во согласност со ова ќе биде и нашето однесување во вториот круг – велат од Алијанса за Албанците.

Претходно, лидерот на Беса Билал Касами, кој во вториот круг на локалните избори за градоначалник на Тетово ќе се натпреварува со Теута Арифи од ДУИ изјави дека очекува поддршка од гласачите на СДСМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.