Во тешка состојба пристигнуваат пациентите инфицирани со коронавирусот, аламира директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев. Денеска во регионалниот Ковид центар се хоспитализирани 50 пациенти, од кои речиси половината се на кислородна поддршка.
Ѓеорѓијев вели дека деновиве на одделението пристигнуваат пациенти, кои по приемот во болницата поради тешката состојба, битката со коронавирусот ја губат за само неколку часови.
Деновиве ни доаѓаат пациенти во исклучителна тешка состојба, последниот случај е вчера со 80-годишна пациентка од кочанско, која неколку часа по приемот почина во болницата. Затоа упатувам апел оние кои се позитивни по влошувањето на состојбата веднаш да побараат лекарска помош, а оние кои се суспектни и имаат симптоми на коронавирусот да не ги споредуваат со настинка, туку веднаш да бараат помош, вели Ѓеорѓијев.
Забележа дека пациентите во тешка состојба доаѓаат во бессознание, со последните сили земаат здив, немаат доволно кислород во крвта, по што органите ја запираат функцијата, а крајот е фатален за пацинтитет.
Деновиве имаме и поголема гужва пред амбулнтата на инфективното одделение, затоа еден апел до пациентите да се придржуваат до мерките и да не се прават непотребни гужви, вели Ѓеорѓијев.
Штип и Свети Николе и понатаму се на врвот како општини со најголем број на регистрирани случаи на 100.000 жители, стои во последната анализа на Институтот за јавно здравје. На оваа листа високо котираат и Кочани, Делчево и Берово од Брегалничкиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.