Лицата кои ќе се заразат од коронавирусот или ќе мора да одат во самоизолација на седум дена пред гласањето нема да можат да го исполнат своето граѓанско право. Сите заразени и самоизолирани ќе мора да се пријават доколку сакаат да гласаат на предвремените парламентарни избори, но не подоцна од 6. јули.

Државната изборна комисија го едногласно го усвои ревидираниот роковник за продолжување изборните дејствија.

Сепак ДИК се уште го чека протоколот од Комисијата за заразни болести според кој ќе се знае како точно ќе се одвива гласањето. Тој треба да пристигне во следните два до три дена, а потоа ДИК ќе го преточи во нивен документ

За првпат, гласањето ќе се одвива во три дена, на 13, 14 и 15 јули. Првиот ден ќе гласаат заразените и самоизолираните, на 14 болните, изнемоштените, затворениците, а на 15 сите останати.

За гласање на инфицираните ќе бидат анагажирани по двајца лекари. Според првичните пресметки на Државната изборна комисија, на изборите ќе бидат ангажирани над 500 лекари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.