Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 592.

Од министерството за здравство информират дека 243 паценти се лекуваат во центрите во Скопје, а во центрите во останатите градови низ земјава вкупно 349 пациенти позитивни и сомнителни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 349 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 3 во Кичево 8, Кавадарци 39, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Треба да се има предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла – се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството, велат оттаму, има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.